Трансферот е готов: Интер даде двајца играчи плус пари за Наинголан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раџа Наинголан е пред комплетирање на трансферот во редовите на Интер, а Рома за белгискиот интернационалец ќе добие 24 милиони евра, плус на „Олимпико“ ќе се преселат Давиде Сантон и Николо Заниоло.

Според неколку извори од Италија, вклучувајќи го и најдобриот медиум, Скај Италија, договорот е постигнат и би можел да биде објавен во следните неколку дена, најдоцна до крајот на неделава.

Клучниот момент во преговорите се случил вчера кога било договорено Давиде Сантон да биде вклучен во трансферот. Младиот талент Николо Заниоло пак, бил вклучен во преговорите од самиот почеток.