Каква глупост на Кабаљеро, Хрватска води против Аргентина (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска е многу блиску до пласман во осминафиналето од Светското првенство, а пак Аргентина е блиску до амбисот по една неверојатна грешка на голманот на „Гаучосите“ Вили Кабаљеро.

Искусниот голман направи невидена глупост и буквално му асистираше на Анте Ребиќ кој немаше големи проблеми за да ја донесе Хрватска во водство.

Хорхе Сампаоли има уште 30 минути да ја извади Аргентина од бездната, а веќе сега многумина му замеруваат затоа што веќе направи две замени, но во игра се уште не го внесе еден од најдобрите светски играчи, Пауло Дибала.