Шпанците тврдат, Реал се откажа од Италијанецот поради Рамос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се доби впечаток дека тој беше еден од главните кандидати да седне на клупата на Реал, пред работата да ја добие Лопетеги.

Откако Зинедин Зидан го напушти Реал Мадрид, голем број имиња се споменуваа во врска со испразнетата функција на ,,Бернабеу”.

Се чинеше дека во еден момент главен кандидат беше италијанскиот стручњак Антонио Конте, кој е под договор со Челзи.

Сепак гласините тврдат дека поранешниот тренер на Јувентус не сакал да седне на клупата на Реал Мадрид, тој сметал дека нема да има никакво влијание во соблекувалната и дека нема да може да влијае околу трансферите, а и подраго би му било да ја почека разврската на Стенфорд Бриџ, каде што управата на Челзи би имала обвска да му исплати 12 милиони евра доколку одлучи да го смени.

Сега се појавија и нови шпекулации, имено Конте многу кратко бил во игра, а вратата за на ,,Сантијаго Бернабеу” му ја затворил капитенот Серхио Рамос.

Имено тој разговарал со шпанските играчи кои имале прилика да соработуваат со Конте, па после тоа одлучил дека Конте не е за Мадриѓаните.

На крај, работата ја добил Лопетеги кој поради тајните преговори со Реал остана без селекторското место во репрезентацијата на Шпанија.