Ахмед Муса постигна мајсторски гол и им влеа надеж на Аргентинците (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Нигерија има водство против Исланд откако Ахмед Муса на мајсторски начин го отвори натпреварот во 49. минута.

Играчот на Лестер Сити кој сезонава ја помина на позајмица во ЦСКА по еден центаршут на Виктор Мозес одлично ја прими топката, го измести Рагнар Сигурдсон и со фантастична реализација постигна ретко виден гол.

Овој гол влева голема надеж за Аргентинците затоа што со победа против Нигерија во последното коло ќе успеат да се пласираат во осминафиналето.

Сепак, на арената во Волгоград има уште 40 минути фудбал, па се уште ништо не е решено и во продолжение се надеваме на многу поубав фудбал од досегашниот.