Нигерија го победи Исланд и ја израдува Аргентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Нигерија со 2:0 славеше победа против Аргентина и со тоа ја направи групата Д најинтересна за следење во последното коло од Светското првенство.

Најголеми навивачи на Нигерија беа репрезентативците на Аргентина кои остануваат во игра за пласман во осминафиналето од Мундијалот.

Победата за африканската репрезентација ја донесе играчот на Лестер, Ахмед Муса кој со два одлични гола во 49. и 75. минута ги измеша работите во групата.

Нигерија со оваа победа е втора на табелата со три поени, додека Аргентина и Исланд со по еден бод се заковани на последните две позиции.