На поранешен играч на Ливерпул му бил откриен – тумор на мозок! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Селта, Вилјареал, Њукасл, Ливерпул и Сарагоса, Хозе Енрике откри дека имал тумор на мозок.

Откако минатата сезона се прости од активно играње на фудбал поради повредата на колено, 32-годишниот Шпанец утрово на социјалните мрежи откри дека му е пронајден тумор на мозок.

„Во рок од еден месец открив дека имам тумор на мозок и имав операција. Сега се наоѓам во процес на рехабилитација и благодарен сум му на Бог, зашто операцијата помина успешно“, напиша Енрике.

Ливерпул на својот официјален Фејсбук профил му даде поддршка на својот поранешен играч, кој се наоѓа во болница во друштво на неговата сопруга.