Пеп Гвардиола заинтересиран за играч на Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Жером Боатенг веројатно ќе си замине од клубот и ќе ја напушти Германија.

„Спорт Билд“ пренесува дека за него има интерес од неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити, како и од таборот на ПСЖ.

29 годишниот фудбалер во моментов е со репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Русија и по неговото завршување ќе ја дефинира својата иднина.

Пеп Гвардиола работеше со Боатенг кога беше тренер на Баерн Минхен и има голема желба да го види стоперот на „Етихад“.