Вест Хем прави голем ремонт, во Лондон стигнуваат Лукаку и Фелипе Андерсон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Вест Хем се во напредни преговори со Лацио за договор вреден 60 милиони евра за фудбалерите на клубот, Фелип Андерсон и Џордан Лукаку.

Според медиумите во Италија, „Чеканите“ одлучиле да ги добијат услугите на двајцата играчи со цел да го зацврстат тимот во пресрет на новата сезона.

Преговорите за Фелипе Андерсон се одвиваат веќе неколку недели, но бараната цена од Лацио (50 милиони евра) не беше прифатлива за Вест Хем. Затоа, двете страни се договориле за сума од 60 милиони евра, но во договорот да биде вклучен и Џордан Лукаку, помладиот брат на Ромелу Лукаку.

Лацио веќе ја донесе замената за Лукаку откако пред два дена го обезбедија потписот на Риза Дурмиши од Реал Бетис.

Доколку се остварат најавите Лацио ќе заработи над 50 милиони евра на овие двајца играчи со оглед на фактот што двајцата на „Олимпико“ стигнаа за сума од десет милиони евра.