Селекторот на Панама со интересен потег, на полувреме бараше нешто од Саутгејт (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Панама, Хернан Дарио Гомез пред крајот на првото полувреме му пријде на Герет Саутгејт и нешто му зборуваше.

Многумина сметаа дека Гомез му посочил на неговиот многу помлад колега да не ги „дотолчуваат“ противниците и малку да ја забават играта.

Сепак, по натпреварот Гомез ги негираше ваквите најави инсистирајќи дека заминал да му честита на Саутгејт за одличната игра.

„Му пријдов на Саутгејт да му честитам на полувреме. Му реков дека навистина ми се допаѓа неговиот тим. Англија навистина е спектакуларна екипа“ –коментираше Гомез.

Но, и по оваа изјава дел од фудбалските љубители тврдат дека Гомез барал од Саутгејт тие да се опуштат и да не напаѓаат многу, а како доказ за тоа ја посочуваат гестикулацијата на двата тренери.