Кантона со остри критики до Нејмар: Доста е со лаги, солзи и глупости! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Ерик Кантона го критикуваше фудбалерот на ПСЖ и репрезентативец на Бразил, Нејмар.

Кантона на својот Инстаграм профил прикачи фотографија од Сократес, легендарниот Бразилец, кој го носеше бројот 10 како и Нејмар.

„Доста е со лаги, со солзи, нарцизам. Остави нè да го сакаме Бразил како претходно што го сакавме“, напиша Кантона.


Медиумите од светот заклучија дека Кантона ја испратил пораката до Нејмар, којс е обиде да одглуми пенал против Костарика, но благодарение на ВАР-системот истиот беше поништен.

Бразил е прв на табелата во својата група со четири бода, колку што има и Швајцарија, а еден помалку има Србија.