Куртоа: Не се враќам на Островот ако изгубиме од Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, кажа дека неговиот тим ќе се потруди да победи во натпреварот од последното коло од група Г против Англија.

Белгија и Англија обезбедија пласман во осминафиналето по две одиграни кола, па имаат по шест бода и иста гол-разлика – 8:2, па во четврток ќе се реши прашањето за тоа кој е подобар од двете селекции.

„Доколку сакате да го задржите победничкото чувство, тогаш мора да ги победите сите. Не сакам да се вратам во Англија како поразен. Сакам победа и верувам дека сите размислуваат на таков начин“, кажа Куртоа.

Покрај него, уште неколку репрезентативци на Белгија играат во Премиерлигата, а меѓу нив е дефанзивецот на Тотнем, Јан Вертонген.

„Ќе биде интересно да се видат играчите од другата страна. Во Англија играат многу мои соиграчи од Тотнем. Ќе биде интересно“, кажа Вертонген.