Хамилтон: Ова беше мојата најдобра трка во Франција!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кажа дека уживал во вчерашната трка во Формула 1 и победата во Франција, каде што бил добар во текот на целиот викенд.

„Ова е одличен ден, уживав во трката. Ова беше најдобра трка во Франција во која сум учествувал. Благодарен сум на добриот викенд. Мојата екипа, со која сум шест години, руши граници и никогаш не се откажува, па сакам да им се заблагодарам на сите во екипата“, кажа Хамилтон по трката.

Актуелниот светски шампион со победата во Франција се искачи на првата позиција во генералниот пласман и го симна од врвот Себастијан Фетел, кој беше петти.