Македонија ги доби противниците за Светското првенство во 2019. година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во Копенхаген беше одржана ждрепката за Светското првенство во ракомет, а Македонија ќе игра во група против Шпанија, Исланд, Бахреин, Јапонија и Хрватска.

Македонската репрезентација во Минхен ќе игра во групата Б, каде што цело внимание ќе биде насочено кон нашиот поранешен селектор Лино Червар, кој сега ја предводи Хрватска.

Во останатите групи ждрепката е следна:

Група А (Берлин): Русија, Германија, Франција, Србија, Браззил и Кореја
Група Б (Минхен): Македонија, Хрватска, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија
Група Ц (Хернинг): Данска, Тунис, Норвешка, Австрија, Чиле и Саудиска Арабија.
Група Д (Копенхаген): Шведска, Катар, Унгарија, Аргентина, Египет и Ангола.