Вардар го раскина договорот со Игор Алексовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот 23 годишен голман, Игор Алексовски повеќе не е член на тимот на Вардар откако двете страни се договорија за спогодбен раскин на договорот.

Алексовски беше на подготовки со Вардар во Словенија и веќе ја напушти базата на клубот и се врати во Скопје. Алексовски о д 2016 година е дел од Вардар и од тогаш го чуваше голот на „црвено црните“ 24 официјални натпревари.

Се шпекулира дека Алексовски кариерата ќе ја продолжи во тимот на Шкупи кој ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.