Вардар поразен во третиот пријателски натпревар (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вардар претрпе пораз во третиот подготвителен натпревар на подготовките во Словенија.

Подобар противник од „црвено црните“ беше рускиот тим на Оренбург кој од следната сезона ќе се натпреварува во најсилната руска лига.

Натпреварот не беше баш најдобар за гледање, а на него не видовме ниту една стопостотна шанса освен погодокот на Оренбург кој стигна во 88.минута, а го реализираше Вацадзе.

На овој натпревар за Вардар за прв пат настапи голманот Александар Кировски кој во Вардар пристигна од Чукарички.

ВАРДАР: Гачевски (46’ Кировски), Тошевски, Попов, Новак, Брдаровски, Битанг, Мицевски (80’ Талески), Адем (90’ Најдовски), Цветановски (87’ Максимов), Бериша (80’ Попзлатанов), Барсегјан.