Игор Алексовски се пресели во Шкупи! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкупи продолжува со ангажирање на нови засилувања, кои ќе им помогнат во борбата во македонската Прва лига, како и во квалификациите во Лигата на Европа.

По пристигнувањето на Муарем Муарем, Амир Билали и Артан Велиу, најнов член на Шкупи е голманот Игор Алексовски, кој претходно го раскина договорот со Вардар.

„Јас сум среќен што сум дел од клубов. Управата ми го покажа новиот проект и нивните цели, па јас прифатив да бидам дел од проектот. Пораката до фановите на Шкупи е да дојдат во што е можно поголем број и да нè поддржат“, кажа Алексовкси.