Официјално: Борусија Дортмунд купи талентиран фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најново засилување за Борусија Дортмунд за наредната сезона е Абду Диало.

Овој 22-годишен француски интернационалец пристигнува од Мајнц, на кој Дортмунд му плати 25 милиони евра, а со Борусија потпиша петгодишен договор.

Во Борусија се сигурни дека Диало ќе биде добро засилување за нивната екипа.

„Станува збор за многу модерен и интелигентен стопер. Може да одигра квалитетно и во средината на теренот“, кажа директорот на германскиот клуб, Михаел Зорц.

Диало во минатата сезона одигра 30 натпревари за Мајнц и постигна три гола.