Милан ќе се жали во Лозана поради казната на УЕФА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан е суспендиран на една година од европските натпреварувања,  поради што нема да може да игра во Лигата на Европа.

Поради тоа „росонерите“ решија да испратат жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, каде што ќе бараат правда.

„Откако ја добивме одлуката од надлежните органи, им кажавме на нашите адвокати да подготват жалба пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана. Сигурни сме дека судот ќе ги послуша нашите аргументи и ќе ја смени одлуката“, соопштија од Милан.

Милан така ја плати цената на лошото раководење на клубот од страна на Кинезите.