Ѕвездата на Оклахома ќе го прекине договорот и ќе замине во Лејкерс!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Оклахома Сити тандер, Пол Џорџ, соопштил до управата дека ќе ја искористи можноста да го прекине договорот и да стане слободен агент летово.

Џорџ има рок до петок да одбие договор од 20,7 милиони долари за следната сезона, но не е исклучена можноста како слободен агент да се врати во Тандер (може да потпише петгодишен договор), иако Лејкерс се сериозен кандидат за неговиот потпис.

Минатата сезона Џроџ постигнуваше по 21,9 поени, 5,7 скокови и 3,3 асистенции во просек.