Соборени шест неверојатни рекорди: Најмногу пенали, најстар играч, најбрз жолт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саудиска Арабија прими пет гола од Русија, Хрватска ја понижи Аргентина, потполни анонимуси им одбранија пенали на Роналдо и Меси, Германија си замина дома. Ова се само некои од занимливостите кои досега ги видовме во Русија, а она што е најзанимливо е дека се соборени шест рекорди од светските првенства.

Како прво, досудено е најмногу пенали некогаш, а за тоа сигрно даде допринос VAR технологијата која прв пат се користи на ова натпреварување. Понатаму, никогаш не се постигнати повеќе автоголови како на ова првенство.

Доделен е најбрзиот жолт картон, имаме и најстар фудбалер кој настапил на Светските првенства, а и најстар фудбалер кој постигнал хет-трик.

Секако, најстар фудбалер  е голманот на Екипет Есам Ел-Хадари (45), додека најстар фудбалер кој постигнал хет-трик е Кристијано Роналдо (со 33 години и четири месеци против Шпанија).

До крајот на турнирот секако очекуваме и некои нови рекорди, но во секој случај навиваме за многу голови и што повеќе убави потези.