Навивачите ги „тролаат“ Германците поради натпис на нивниот автобус (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германците испаднаа од Светското првенство во Русија, па почнаа шегите на нивна сметка.

Постојат голем број шеги досега, а најновата се однесува на автобусот со кој стигна Германија на Мундијалот.

Интересен им бил натписот на автобусот – „Одиме заедно да испишеме историја!“

Тоа звучи многу интересно, зашто Германците навистина испишаа историја, односно испаднаа првпат во групната фаза. А тоа ќе го памети уште долго оваа генерација.