Интер пред комплетирање на нов трансфер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија од таборот на Интер се пред комплетирање на трансферот на Матео Политано од Сасуоло.

Политано најпрво ќе пристигне на едногодишна позајмица за која Интер ќе исплати седум милиони евра на тимот на Сасуоло, а потоа ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија“ договорот веќе е постигнат, па играчот во сабота ќе ги има своите медицински прегледи во Милано.

Покрај парите во Сасуоло ќе се преселат и младите фудбалери на Интер Јенс Одгаард и Андреа Адоранте.