Паѓа од коњ на магаре: Играч на ПСЖ доби понуда од аматерски клуб!? (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Франција е отфрлен од ПСЖ, но на неговото страдање конечно доаѓа крај и може да се врати на теренот.

Се очекува на почетокот на јули да дознае каде ќе ја продолжи кариерата, а во меѓувреме доби понуда од аматерскиот тим УС Кастетис-Гоз.

Тие му испратија понуда на Бен Арфа и му нудат плата од 800 евра, 20 евра бонус за секој гол и 25 евра за асистенција. Исто така, за секој изнуден црвен картон награда е 30 евра.

Меѓутоа, тоа не е се. Му понудиле и куќа во близина на клубот, а му ветиле и автомобил, како и љубов и прегратки кои ги немал во ПСЖ.