ПСЖ го освои францускиот супер куп со убедлива победа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска со почеток од 20:45 во Клагенфурт пред повеќе од 30.000 љубители на фудбалот се одигра финалето од францускиот супер куп.

Годинава како и ланската година во супер купот на Франција силите ги одмерија ПСЖ и Лион, минатата година ПСЖ славеше со 2:0, но годинава имаа многу поубедлива победа над тимот од Лион.

Годинава ПСЖ го совлада тимот на Лион со 4:1. Освојувачот на овогодинешниот супер куп се знаеше уште во 35тата минута кога тимот од Париз имаше неверојатно водство од 3:0 и само чудо можеше да го врати Лион во игра.

Се започна во 9тата минута кога Курзава имаше одличен центаршут кој Пасторе го искористи и го доведе тимот во водтсво од 1:0. Вториот гол падна 10 минути подоцна повторно Пасторе учествуваше но овој пат беше во улога на асистент, голот го постигна Лукас. Третиот гол беше постигнат во 34тата минута, од играчот кој го играше својот прв натпревар во дресот на ПСЖ, Хатем Бен Арфа по асистенција на Ди Мариа. Тоа беше се во првото полувреме.

Во второто полувреме после 10 минути игра Курзава доби долга топка од Пасторе излезе еден на еден со голманот на Лион, Лопез и постигна гол за убедливо водство од 4:0.Во 87та минута екипата на Лион постигна утешен гол. Стрелец беше Толисо по една прејака асистенција од Жалет.

Ова е инаку 4тата титула во низа за ПСЖ во супер купот