Челси е како „тврд орев“: Барселона тргнува во (не)возможна мисија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Барселона се обидела да го ангажира 29-годишниот Вилијан од Челси, но „сините“ одбиле понуда од 50 милиони фунти.

Челси нема намера да се откаже од Бразилецот, барем не за толку мала сума, па Каталонците ќе мора да се потрудат повеќе и да испратат поголема понуда, а тоа ќе се случи во наредните денови.

Агентите на фудбалерот беа во Барселона на преговори, а тој е заинтересиран за преселба на „Камп ноу“, но засега Челси не се согласува да го продаде.

Вилијан пет години игра во англискиот гигант, а во минатата сезона на 36 одиграни натпревари постигна шест гола и осум асистенции.