Ибрахимовиќ со легендарна изјава за новиот освојувач на СП во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред Светското првенство (СП) во Русија, Шведска беше во центар на внимание поради тоа што не беше познато дали Златан Ибрахимовиќ ќе заигра на Мундијалот.

Во групите на СП, Шведска одигра одлично и зад себе го остави светскиот шампион Германија, па со победите против Јужна Кореја и Мексико се пласираше понатаму.

Ибрахимовиќ молчеше неколку дена, ги остави своите сонародници да уживаат во успехот, а сега конечно прозборе.

„Им кажав пред Мундијалот дека ќе стигнат далеку, најверојатно и дека ќе го освојат. Горд сум на Швеѓаните. Јас го освоив светот, а сега тоа ќе го направи и Шведска“, кажа Ибра.

Шведска во осминафинале на трети јули игра против Швајцарија во Санкт Петербург, а победникот ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Англија и Колумбија.