Мистеријата се разоткрива: Претседателот на Лион кажа каде ќе се пресели Фекир!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас кажа дека постои можност Набил Фекир да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед.

Клубот од „Олд трафорд“ го сака Французинот, откако неговиот трансфер во Ливерпул пропадна во последен момент.

„Седев со Мурињо пред некој ден и имавме долг разговор. Сепак, ќе почекаме да помина Мундијалот“, вели Ола.

Претседателот на Лион откри и што се случувало на преговорите со Ливерпул.

„Беше очекувано да се пресели во Ливерпул, јас се согласив на трансфер. Сепак, премногу време се одложуваше.. сега едно е сигурно, а тоа дека Фекир нема да замине во Ливерпул“, кажа претседателот на Лион.