Официјално: Манчестер Јунајтед ја продолжи верноста со миленикот на Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маруан Фелаини и официјално го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2020 година со можност истиот да биде продолжен за дополнителна една сезона.

Актуелниот договор на белгискиот интернационалец истекуваше на 1. јули, а на негова адреса имаше неколку други понуди за продолжување на соработката.

„Задоволен сум што го продолжувам мојот престој во Манчестер Јунајтед. Ја донесов оваа одлука затоа што сум многу среќен тука. Исто така, чувствувам дека овој тим, под Жозе Мурињо се уште има многу за да постигне“- коментираше Фелаини по потпишувањето на новиот договор.

Жозе Мурињо пак истакна дека е многу среќен што Фелаини ќе продолжи со настапите во Манчестер Јунајтед.