Далиќ во проблеми, на дури осум играчи им се заканува суспензија ако ја поминат Данска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска во недела во 20 часот во Нижни Новогород ќе се сретне со селекцијата на Данска во осминафиналето од Светското првенство.

Хрватска е голем фаворит на оваа средба, но „коцкестите“ ќе мора да внимаваат со картоните затоа што дури осум се под закана за суспензија.

Жолти картони засега имаат Симе Вршаљко, Марсело Брозовиќ, Иван Ракитиќ. Анте Ребиќ, Марио Манџукиќ, Ведран Чорлука, Марко Пјаца и Тин Једвај и евентуален нов картон за некој од овие играчи ќе значи дека ќе мора да паузираат во четвртфиналето доколку ја минат Данска.

Според правилата на ФИФА картоните се бришат по четвртфиналето.