Најбрзиот циркус во светот станува уште поинтересен: Порше пристигнува во Формула 1!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако Порше одлучи да се натпреварува во Формула 1 од 2021. година, Мерцедес ќе ги пречека со задоволство.

Германскиот произведувач на спортски автомобили активно учествува во создавање на правилата за 2021. година и покажа интерес за учество. Порше би се вратил во Формула, но би соработувал со друга екипа.

Ред Бул има технолошко партнерство со нив и може да стане тој партнер. За Вилијамс исто така се смета дека е еден од потенцијалните партнери.

„Што повеќе се натпреваруваме, толку повеќе ќе уживаме. Претпоставувам дека Порше е заинтересиран. Помогнаа во создавањето на правилата за 2021. година“, кажа Тото Волф.

Дискусијата за новите правила уште трае, а некои произведувачи на мотори сакаа да задржат повеќе технолошки иновации.