Анчелоти во Наполи носи напаѓач од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти го посакува Карим Бензема во редовите на Наполи, но „АС“ пишува дека од Реал Мадрид бараат 50 милиони евра за неговите услуги.

Шпанскиот весник пренесува дека Анчелоти силно посакува повторно да соработува со напаѓачот кој не е омилен меѓу фановите на Реал Мадрид.

Сепак, побаруваната цена од 50 милиони евра Наполи тешко дека ќе ја плати, па затоа ќе влезе во преговори за намалување на истата.

Бензема беше миленик на Зинедин Зидан, но според шпанските медиуми Лопетеги нема да ги трпи неговите промашувања, па веројатно ќе го продаде ова лето.