„Аргентина без Меси е само обичен тим и ништо повеќе!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Диего Марадона призна дека очекувал пораз на Аргентина од Франција на Светското првенство во Русија.

Во осминафиналето селекцијата на Хорхе Лоренцо беше поразена со 4-3 во еден од највозбудливите натпревари.

„Како да дојдовме во кино, а не на стадион. Франција го уништи Меси, кој не можеше да ги покаже своите квалитети. Без него Аргентина е само еден обичен тим и ништо повеќе од тоа. Се случи тоа што го очекувавме. Уште еден Мундијал е завршен за нас, а ние останавме со празни раце“, вели Марадона.