Ферстапен триумфираше на Ред Бул Ринг, двоецот на Мерцедес не ја заврши трката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На трката за Големата Награда на Австрија возена на патеката „Ред Бул Ринг“ победата ја однесе младиот Макс Ферстапен, додека како второпласиран заврши Кими Раиконен. И покрај фактот што стартуваше од шестата позиција, трет трката ја заврши Себастијан Фетел.

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас не ја завршија денешната трка

Британецот добро започна и брзо го презеде првото место од Ботас. Финецот ја заврши трката уште во 13. круг затоа што остана без погон. На седум кругови до крајот на трката мораше да се откаже и Хамилтон од истата причина поради која се откажа и Ботас.

Тоа најмногу му годеше на Фетел кој со денешните поени повторно се искачи на првата позиција во генералниот пласман со само еден поен повеќе од Хамилтон.

Следната трка во Ф1 шампионатот е следната недела и ќе се вози на патеката „Силверстоун“.