Само еден голман одбранил три пенали на СП пред Субашиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Хрватска успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот во Русија откако ја победи Данска во изведувањето на пеналите. Јунак беше неверојатниот Субашиќ кој успеа да им одбрани на Данците дури три пенали.

Субашиќ е вторниот голман во историјата на Мундијалите кој успеал да одбрани дури три пенали во една пенал серија.

Пред него тоа го направи некогашниот голман на Португалија, Рикардо во 2006. година кога Португалците после пеналите ја исфрлија Англија.