Ништо ново од Минхен: Баерн сака еден од најдобрите играчи во Германија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен сака да го искористи испаѓањето на Хамбург за да го ангажира 18-годишниот напаѓач Јан-Фите Арп.

Баварците испратиле понуда од 2,5 милиони за 18-годишниот играч и се надеваат дека клубот, кој е во тешка ситуација, ќе ја прифати понудата.

Спортскиот директор на Хамбург, Ралф Бекер, кажа дека понудата не ги исполнила очекувањта на клубот, но дека преговорите ќе бидат продолжени.

Германскиот репрезентативец е проценет на 7,5 милиони евра, но поради лошата ситуација во клубот, ќе замине за многу помалку.

Арп игра како напаѓач, а веќе има и 18 настапи во Бундеслигата минтата сезона и постигна два гола.