Одличен старт на Американците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Започнаа Олимписките игри во Рио, во машкиот турнир во Кошарка фаворити се секако, кој други ако не американците.

Првиот тест американците го имаа против Кина. Без сомнение, Американците влегоа како големи фаворити во овој натпревар и победоа со дури 57 поени разлика. 119:62 во полза на Американците.

Јасно беше кој ќе победи во овој натпревар уште пред да започне, а веќе на крајот од првата четвртина САД имаа предност од дури 20 поени, на полувреме беше +29.

Американците просто се прошетаа низ овој натпревар, лесна победа, следниот натпревар го играат против Венецуела на третиот ден од ОИ.

Најмногу поени имаа Дурант од кај Американците и Жи од Кинескиот тим, и двајцата постигнаа 25 поени.