Вардар претстави ново засилување и „раскина“ со Вања Марковиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот вицешампион продолжува со составувањето на тимот во пресрет на новата сезона во македонскиот шампионат, но и натпреварите во квалификациите од Лига Европа.

Нов фудбалер на Вардар е 25 годишниот стопер, Коста Манев кој доаѓа од редовите на Кеми, а со „црвено црните“ потпиша едногодишен договор кој може да биде продолжен на уште една дополнителна сезона.

Манев е роден во Радовиш, но целата кариера ја поминал во Финска и тоа во некои од најпознатите клубови на оваа земја како Клуби 04, Викингит, ПК 35, Хонка, Интер Турку и Кеми.

„Вардар е најголемиот клуб во Македонија, и јасно ми е дека секогаш очекувањата се високи, секогаш приоритетите се освојување на титула. Посакувам во новата сезона да ја вратиме титулата онаму каде што и е местото, и да стигнеме што е можно подалеку во Лигата на Европа. Доаѓам во клуб кој лани мина одлично во Европа, и посакувам така да биде и претстојното лето. Очекувам да се вклопам во новиот клуб што е можно побрзо, да ги запознаам моите нови соиграчи и да се вклопам во системот на тренерот на стручниот штаб и неговите идеи. Јас со напорна работа ќе се обидам да се наметнам, и да дадам придонес Вардар да има успешна сезона“, рече новиот стопер на „црвено-црните“ истакна Манев при потпишувањето на договорот.

Од таборот на Вардар и дефинитивно си замина српскиот интернационалец Вања Марковиќ кој воопшто не ги оправда очекувањата при неговото носење од полскиот тим на Корона.