Новицки – Она кога личиш на Крауч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дирк Новицки на своите следачи на твитер им откри дека неодамна му пришло некое момче и го прашало дали тој е фудбалерот Крауч.

Легендарниот кошаркар праша дали ова да го сфати како комплимент, а одговор од Крауч пристигна веднаш.

„Секако мој пријателу, ова е голем комплимент“ – напиша Крауч

Инаку Крауч кој е звезда по социјалните мрежи ќе биде запаметен по една негова легендарна изјава.

Новинарот испрати убаво и пристојно прашање до Крауч: „Што ќе бевте ако не фудбалер“, Крауч на тоа веднаш одговори „Би бил невин“ се шегуваше Крауч на својата сметка.