Тони Паркер после 17 години го менува тимот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот француски кошаркар Тони Паркер би можел после 17 години да ги напушти Сан Антонио Спарс.

Искусниот 36 годишен плејмејкер ова лето е слободен играч, а за сега нема сигнал од страна на тимот од Тексас за евентуално продолжување на соработката.

Од друга страна понуди од други клубови има. Денвер Нагетс и Шарлот Хорнетс се помеѓу заинтересираните, па ќе пробаат да го ангажираат.

Легендарниот французин комплетната НБА кариера ја помина во Спарски, шест пати беше All Star, а 2007 година е прогласен за најкорисен играч во финалето.

Меѓутоа, изгледа дојде време за разделба и веројатно Паркер ќе го гледаме во друг клуб во наредната сезона.