Американски новинар открива зошто Лејкерс не сакале да го ангажираат Казинс

0

Новинар на „Њујорк Тајмс“, Марк Стајн пишува дека новиот центар на Голден Стејт вориорс, Демаркус Казинс можел да стане играч на Лос Анџелес лејкерс, но тие немале трпение да го почекаат играчот, кој нема да игра речиси половина од наредната сезона.

Демаркус Казинс според американските медиуми, наводно, одбил да потпише договор со Њу Орлеанс пеликанс, па поради тоа се пресели во Голден Стејт за 5,3 милиони долари.

Казинс можел да заигра и во Лејкерс, каде што би бил соиграч со Леброн Џејмс, кој како слободен играч дојде од Кливленд кавалирс.

Сепак, управата на Лејкерс на чело со претседателот за кошаркарски операции Меџик Џонс не го сакал во екипата Казинс поради неговата повреда.

Стајн пишува дека Лејкерс не можеле да го чекаат Казинс до јануари или февруари, па решиле да направат поинаков чекор.

Advertisements
Share.