Срамен податок: Статистичарите пресметаа колку време Нејмар се тркалал по теренот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Врз бразилскиот репрезентативец Нејмар се направени 23 прекршоци на Светското првенство, а впечатокот на голем број навивачи е дека поголем дел од времето се тркалал по трева, отколку што правел магични потези.

Статистичарите пресметаа дека Нејмар поминал на тревникот неверојатни 13 минути и 50 секунди. Најмногу лежел против Мексико, пет ипол минути, против Србија две минути…

Да потсетиме, Бразилецот ќе има шанса да го „подобри“ овој податок во четвртфиналето против Белгија.