Буфон на специјален начин ќе биде промовиран во нов играч на ПСЖ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон кој и официјално е слободен агент ќе биде претставен како нов фудбалер на ПСЖ во понеделник.

Парижаните ќе му посакаат специјално добредојде со тоа што најпознатата знаменитост на градот, Ајфеловата Кула ќе биде обоена во боите на клубот, а на неа ќе пишува и специјално добредојде за легендарниот голман.

Нешто слично се случи и минатата година кога во ПСЖ пристигна Нејмар во најскапиот трансфер во историјата на фудбалот вреден 222 милиони евра.