Големото разочарување на Мундијалот го доведува на својата клупа Славен Билиќ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полска разочара на Мундијалот во Русија, па цехот го плати сега веќе поранешен селектор, Адам Навалка кој и официјално беше разрешен.

Медиумите во Полска наведвуаат дека еден од кандидатите за наследник на Адам е Славен Билиќ Тој е без ангажман после разделбата со Вест Хем, а моментално работи како стручен коментар за една англиска телевизија.

Се поврзуваше и со репрезентацијата на Кина, па со Ајнтрахт Франкфурт кој претходно го водеше Нико Ковач, сегашниот тренер на Баерн Минхен.

Билиќ наводно е желба на претседателот на Полскиот фудбалски сојуз па во наредните неколку денови оваа ситуација треба да има завршница.