„Новиот Погба“ ги одби Јунајтед и Интер и ја одбра Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Талентираниот францски играч за врска продолжува во Бундеслигата.

Голем број на европски клубови се заинтересирани за 16-годишниот играч Камала Бафунту.

Интерес за неговите услуги покажаа Евертон, Севиља, па дури Јунајтед и Интер.

Сепак тој одлучил да ги одбие сите тимови и ја одбра понудата од Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ го воодушевиле младиот Бафунту, бидејќи имаа прекрасни резултати во работата со младите фудбалери во изминатите неколку години.

Пример е Дембеле, кој во Дортмунд пристигна од Рен и за само една година го привлече вниманието на Барселона, која за неговите услуги плати 105 милиони евра, додека за разни бонуси „Милионерите“ може да добијат уште 40 милиони евра.

Веројатно Бафубта сфатил дека тоа е идеална средина за него и ја прифатил понудата и тригодишен договор.