Новите засилувања се покажаа: Вардар со шест „парчиња“ го поздрави Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Вардар за кого дебитираа новите играчи Манев, Херанц и Лира со високи 6:0 славеа против тимот на Работнички во последната контрола пред евросредбите на двете екипи.

Вардар истрча со најсилниот состав, додека пак Јовановски го комбинираше тимот на Работнички . Тоа доведе и до висока победа на „црвено црните“ на оваа средба.

Два гола постигна новиот напаѓач на Вардар, Вилијан Лира, два гола постигна и Попзлатанов, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Максимов и Цветаноски.