Реал подготвен да плати 137 милиони фунти за Милинковиќ-Савиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Реал Мадрид се подготвени да платат 137 милиони фунти за услугите на фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Кориере дело спорт“ пренесува дека Матеја Кежман се сретнал со сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито за да дискутираат за иднината на 23 годишниот српски интернационалец.

Веднаш по продажбата на Кристијан Роналдо, од Реал Мадрид ќе ги уплатат парите на Лацио со цел да го добијат потписот на талентираниот фудбалер кој рака на срце немаше баш најдобро Светско првенство.