Во Реал веќе се спрема посебен број за Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо судејќи според се ова летого напушти Реал Мадрид и како што стојат стварите кариерата ќе ја продолжи во Јувенттус.

Роналдо во кралскиот клуб стигна стигна пред девет години и успеа да освои се што можеше да се освои, сепак се чини дека Португалецот е желен за нови предизвици, а одлуката дека ќе премине во Јувентус ја изненади фудбалската јавност.

На Сантијаго Бернабеу веќе на големо размислуваат кој ќе биде замена за Роналдо. Како што пишуваат шпанските медиуми Флорентино Перез веќе има листа на играчи кои сака да ги доведе, но јасно е дека број еден е Азар.

Мадридски АС пренесува дека Реал Мадрид се сигурни дека Азар ќе дојде, доколку Роналдо замине, а за Белгиецот спремиле и број. Азар ќе го задолжи седмицата на Роналдо која носи голема одговорност после се што направи Кристијано за Кралскиот клуб.

Пред Роналдо овој број го носеше Раул, а сигурно навивачите ќе немаат ништо против Еден Азар да ја превземе седмицата.