Роналдо го изненадил Алегри со телефонски повик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е се поблиску до Јувентус, а се очекува овој трансфер да биде официјализиран оваа седмица.

Откако Португалија излезе од Мундијалот, Роналдо конечно доби прилика за одмор, после долгата сезона. Тој со својата фамилија е на одмор во Грција, каде што одмара неколку денови, но навивачите на Јуве се надеваат дека ќе го прекине одморот и во наредните денови ќе потпише со клубот.

Навивачите на Старата дама се сигурни дека Кристијано ќе дојде во нивниот клуб, а веќе се  појавија дресови во продажба. Италијанските медиуми наведуваат дека Португалецот разговарал со тренерот Максимилијано Алегри.

Наводно, Роналдо сакал да поразговара со Алегри со цел да види дали се вклопува со неговите планови.

Секако, како и секој тренер во светот, Алегри му порачал на Роналдо дека за него секогаш има место во тимот и не постои план во кој тој не може да се вклопи.