Рома најактивна на трансфер пазарот, донесе и десетто засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Рома го потврдија трансферот на голманот на Палмеирас, Даниел Фузато кој е десетто засилување на „Волчицата“.

21 годишниот голман потпиша договор до јуни 2022 година, а во новиот клуб ќе го носи  дресот со број 63.

„Денес започнува неверојатна авантура во мојата кариера. Ја знам Рома добро затоа што има силна традиција со бразилските голмани, а јас ќе сторам се за да ги следам нивните патеки“-коментираше Фузато на претставувањето.

Спортскиот директор на Рома, Мончи истакна дека во Фузато виделе голман кој ќе биде прв избор на клубот во годините што доаѓаат.