Цела Франција трепери: Што се случува со Мбапе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција денеска го одработи својот тренинг во Санкт Петербург во пресрет на утрешниот полуфинален натпревар против селекцијата на Белгија.

Симпатизерите на „Триколорите“ големи надежи полагаат во својата млада ѕвезда, Килијан Мбапе. Играчот на ПСЖ во осминафиналето против Аргентина го покажа сиот свој потенцијал, а слична партија од него се очекува и против Белгија.

Сепак, вестите кои ги загрижија навивачите на Франција се дека Мбапе го пропуштил денешниот тренинг, последен пред дуелот со Белгија. Што точно се работи никој не знае, па фановите на Франција ќе треперат до утрешниот ден кога и официјално ќе биде објавен составот за дуелот со „црвените ѓаволи“.